Свет

Света Гора ќе го скрати приливот на поклоници-туристи

Според овие правила кои стапуваат идната недла, дозволени ќе бидат најмногу 300 престои на странски верници месечно, со исклучок на верниците од Грција и Кипар, пренесоа грчките црковни медиуми, објави дописникот на МИА од Атина. Интернет порталот „Ромфеа“ информира дека целта на овие нови мерки за странските верници е да се сочува спокојниот карактер на […]

Според овие правила кои стапуваат идната недла, дозволени ќе бидат најмногу 300 престои на странски верници месечно, со исклучок на верниците од Грција и Кипар, пренесоа грчките црковни медиуми, објави дописникот на МИА од Атина.

Интернет порталот „Ромфеа“ информира дека целта на овие нови мерки за странските верници е да се сочува спокојниот карактер на Света Гора, поради наглото зголемување на бројот на посетители (најчесто од Романија) во изминатите месеци.

На почетокот на годината беа воведени одредени мерки, вклучувајќи задолжително доставување барања за посета најмалку еден ден пред пристигнувањето, ограничен број на верници во текот на месецот и посета само со претходно одобрена покана.

Сепак, како што пренесуваат грчките медиуми, и покрај овие мерки, бројот на посетители продолжува да расте.

Порталот цитира дека „многу претставници на Светите манастири го вклучија алармот за можно претворање на Света Гора во туристичка дестинација“.

Грчките медиуми пренесуваат дека во текот на 2024 година, Света Гора ја посетиле 158.000 верници, што е за околу 8.000 повеќе во споредба со претходната година, а најбројни, веднаш по грчките верници, биле верниците од Романија.

Најнови вести од: Свет

ЕУ ризикува конфликт со САД поради гасоводот низ Босна и деловните врски на Трамп

Компанијата „AAFS Infrastructure and Energy“ е основана во ноември минатата година и не ги открива своите сопственици. Неа ја застапуваат двајца водечки членови на кампањата на Трамп за поништување на неговиот изборен пораз во 2020 година: Џеси Бинал, адвокат кој го бранеше од обвиненијата за поттикнување нереди на Капитол Хил по неговиот пораз, и Џо Флин, брат на поранешниот советник за национална безбедност на американскиот претседател.

Што и да правам околу Иран, очигледно функционира, вели Трамп

Американскиот претседател за „Би-би-си“ упатил и критика кон Обединетото Кралство. Како што наведува медиумот Трамп го критикувал Кир Стармер но и британската влада за, како што тврди тој поради недоволниот ангажман на Блискиот Исток. Тој истакна дека Обединетото Кралство им дозволило на Соединетите Држави да ги користат своите бази само за „одбранбени“ воздушни напади, што за него тоа било недоволен придонес.

Челик го изнесе ставот на официјална Анкара: ЕУ е беспомошен играч на глобалната сцена!

Изјавата на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен за Турција како ривал на Европската Унија го покажува губењето на политичкото влијание на организацијата, изјави Омер Челик, портпарол на владејачката Партија на правдата и развојот во Турција. Анкара остро реагираше на изјавата на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен, нарекувајќи ја Европската Унија „беспомошен играч“ на глобалната сцена.

Експертите контра Европската комисија: Неточно е дека строгата регулација и забраните во ЕУ ја намалуваат стапката на пушење

Европската комисија го припишува падот на пушењето во ЕУ на строгите регулативи, додека експертите сметаат дека главниот придонес доаѓа од преминувањето на пушачите кон помалку штетни никотински алтернативи.

To top