Свет

Трамп бара договор од универзитети: Потпишете ако сакате федерални пари

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп побара од американските универзитети да потпишат договор што содржи услови за добивање преференцијален пристап до федералните средства, објави вчера „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на меморандум од 10 точки.

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп побара од американските универзитети да потпишат договор што содржи услови за добивање преференцијален пристап до федералните средства, објави вчера „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на меморандум од 10 точки.

Документот ги повикува универзитетите да забранат афирмативна акција врз основа на раса или пол при вработување или запишување студенти, да ја замрзнат школарината пет години, да го ограничат запишувањето на странски студенти на додипломски студии на 15 проценти и да ја ограничат инфлацијата на оценките.

Откако повторно ја презеде Белата куќа, Трамп се закани дека ќе го намали финансирањето на универзитетите поради конфликти околу низа прашања, вклучувајќи пропалестински протести на кампусите, трансродови политики, климатски иницијативи, програми за разновидност, еднаквост и вклучување (DEI) и друго.

„Универзитетите негуваат антиамерикански вредности“

Овој потег предизвика загриженост кај застапниците на човековите права во врска со слободата на говорот и академската слобода. Тие предупредуваат дека зад него стојат обиди универзитетот да се подложи на политичката агенда на републиканскиот претседател. Од друга страна, Трамп тврди дека универзитетите негуваат „антиамерикански вредности“.

Според „Волстрит џурнал“, таков договор досега е испратен на адресите на девет универзитети: Вандербилт, Дартмут, Пенсилванија, Јужна Калифорнија, МИТ, Тексас, Аризона, Вирџинија и Универзитетот Браун. Доколку го потпишат, им се нудат „бројни бенефиции“, вклучувајќи „значајни федерални грантови“. Високата советничка на Белата куќа, Меј Мејлман, им изјави на новинарите дека администрацијата на Трамп очекува универзитетите да ја сметаат понудата за „разумна“

Најнови вести од: Свет

САД и Израел го нападнаа Иранскиот Курдистан. Повеќе од 100 убиени, 969 ранети

Курдите се домородно етничко малцинство од месопотамскиот регион, распространето главно низ југоисточна Турција, североисточна Сирија, полуавтономниот курдски регион во северен Ирак, северозападен Иран и југозападна Ерменија. Тие имаат свој јазик и култура, но немаат држава

Ирански камиказе дронови запалија големо пристаниште за нафта во Емиратите (ВИДЕО)

Нападот доаѓа откако Иранската револуционерна гарда соопшти дека американските интереси во Обединетите Арапски Емирати, вклучувајќи пристаништа, докови и воени објекти, станале легитимни цели

To top