Свет

Украина може, но Путин не може да издржи уште три години војна

Путин мислеше дека тоа ќе биде лесна работа, тридневна операција. Поминаа повеќе од 10 години, а тој сè уште се бори во Донбас

Министерот за надворешни работи на Полска, Радослав Сикорски изјави дека Украина е подготвена да се бори уште три години, но рускиот претседател Владимир Путин нема да може да издржи толку долго, објавија медиуми

„Украина се подготвува за уште три години војна, а ваквите колонијални војни обично траат околу десет години. Не мислам дека Путин може да издржи уште три години“, рече тој.

Според него, Путин не се покажал добро.

„Мислевме дека ја има втората најголема армија во светот, а тој мислеше дека тоа ќе биде лесна работа, тридневна операција. Поминаа повеќе од 10 години, а тој сè уште се бори во Донбас. Не би го нарекол тоа победа“, рече Сикорски.

Тој, исто така, ја повика Европската Унија (ЕУ) да игра поактивна улога во преговорите за иден мировен договор и додаде:

„Се надевам дека САД ќе продолжат да ѝ обезбедуваат на Украина разузнавачки информации. Секако, Полска плаќа за терминалите на Старлинк, а важна е и муницијата за американското оружје дизајнирано за воздушна одбрана и напади со долг дострел.“

Најнови вести од: Свет

Над 64 мртви и 80 повредени во страотниот судар на двата воза во Шпанија, во кои имало 544 патници (Видео)

Најмалку 64 лица загинаа во судирот на два воза што се случи утрово во градот Урда, во покраината Толедо, на линијата Мадрид-Севиља, соопшти Службата за цивилна заштита на Кастиља-Ла Манча, јавија европски медиуми, меѓу кои и Дојче веле. 

To top