Свет

Украина погоди руска хемиска фабрика во Брјанск со ракети Storm Shadow

Украинските вооружени сили синоќа, извршија комбиниран воздушен напад врз хемиска фабрика во рускиот пограничен регион Брјанск, соопшти Генералштабот на Украина преку платформата Телеграм.

Украинските вооружени сили синоќа, извршија комбиниран воздушен напад врз хемиска фабрика во рускиот пограничен регион Брјанск, соопшти Генералштабот на Украина преку платформата Телеграм.

-Извршен е масивен комбиниран ракетен и воздушен напад, вклучително и употреба на ракети Storm Shadow лансирани од воздух, кои успешно навлегоа во рускиот систем за противвоздушна одбрана- објави Генералштабот на Телеграм.

Според извештајот, целосниот обем на предизвиканата штета сè уште се проценува, но се истакнува дека нападнатата хемиска фабрика е клучен објект за руската одбранбена индустрија. Фабриката, според официјални извори, е еден од водечките производители на експлозиви во Русија, специјализиран за производство на артилериски гранати и ракетни боеви глави.

Од друга страна, руските власти соопштија дека нивните сили за противвоздушна одбрана собориле 57 украински борбени дронови над регионот Брјанск во текот на ноќта. Гувернерот на регионот, Александар Богомаз, изјави дека нема официјално пријавена штета и дека службите за итни случаи се распоредени на терен за да ја контролираат ситуацијата.

Овој напад се смета за дел од засилените украински офанзиви врз руска територија, со цел да се нарушат логистичките и производствените капацитети на руската војска. Нападот доаѓа во услови на ескалација на конфликтот, по серијата руски воздушни удари врз украински градови, вклучително и Киев, Запорожје и Измаил, во текот на истиот ден.

Најнови вести од: Свет

Расте цената на енергијата, компаниите го губат оптимизмот – Нов економски притисок врз Европа

Економијата на еврозоната продолжува да расте, но со забавено темпо, додека повисоките трошоци за енергија и финансирање создаваат дополнителен притисок врз компаниите и потрошувачката. 

Чувајте дома храна за 3 дена, заедно со ќебиња, готовина, батериска ламба…

Кампањата „Биди подготвен“ (Be Ready) ги поттикнува граѓаните да направат залихи што ќе им овозможат да преживеат 72 часа без пристап до стандардните услуги и комунални добра, а иницијативата е покрената како одговор на растечката загриженост на властите во врска со последиците од климатската криза, зависноста од технологијата и заканите од непријателски настроени држави

To top