Свет

Украинците ја нападнаа нуклеарната централа во Курск(ВИДЕО)

Украина во текот на ноќта изврши напади со дронови врз неколку енергетски капацитети во Русија, вклучувајќи ја нуклеарната електрана Курск и нафтениот терминал во пристаништето Уст Луга во Ленинградската област, потврдија руските власти.

wikipedia.org/Kursk_Nuclear_Power_Plant

Украина во текот на ноќта изврши напади со дронови врз неколку енергетски капацитети во Русија, вклучувајќи ја нуклеарната електрана Курск и нафтениот терминал во пристаништето Уст Луга во Ленинградската област, потврдија руските власти.

Во нападот на нуклеарната централа Курск, близу границата со Украина, оштетен е помошен трансформатор, што предизвика намалување на оперативниот капацитет за половина, соопштија официјални лица.

Нема повредени во нападот, а избувнатиот пожар бил брзо локализиран и изгаснат. Според прес-службата на електраната, нивото на радијација во објектот и околината останува во рамките на дозволените граници.

Пожар избувна и во терминалот на нафтената компанија Новатек во пристаништето Уст Луга во Ленинградската област поради напад со украински дронови, изјави гувернерот на регионот Александар Дрозденко. Станува збор за голем комплекс на Балтичкото Море, кој се користи за преработка и извоз на нафта и нафтени производи на меѓународните пазари.

https://x.com/WIONews/status/1959460089393537318

Најнови вести од: Свет

330 месеци затвор за планиран атентат врз Трамп

За време на судењето, осудениот тврдеше дека „немал друг избор“ освен да ги изврши наредбите, бидејќи лицето кое му давало упатства јасно ставило до знаење дека знае кои се членовите на неговото семејство во Иран и каде се наоѓаат

НАТО и Пентагон разговараат за можното повлекување на американските војници од Европа

Би можело да дојде до намалување на бројот од 80.000 американски војници кои моментално се стационирани на европскиот континент, а целта е да се поттикне Европа да преземе поголем ангажман, овозможувајќи ѝ на американската војска да се фокусира на своите глобални обврски.

Јапонските средношколци што учат македонски јазик во Токио добија вежбанки и книги

Учениците од здружението добиле работни тетратки за вежбање на македонскиот јазик, материјали од „Бушава азбука“, Македонски бајки, како и традиционални омијаге (сувенири) во вид на македонски чоколади и слатки, соопшти Јапонската амбасада

To top