Свет

Прогласена 7-дневна жалост за војниците убиени при апсењето на Мадуро

Според владата, во нападот загинаа повеќе од 20 венецуелски офицери

 

Вршителот на должноста претседател на Венецуела, Делси Родригез, прогласи седумдневна жалост за војниците убиени во американскиот напад за апсење на лидерот Николас Мадуро за време на викендот, објави Ројтерс.

Според владата, во нападот загинаа повеќе од 20 венецуелски офицери.

Кубанската влада во неделата соопшти дека 32 нејзини воени и полициски службеници кои работеле во Венецуела, исто така, биле убиени и прогласи дводневна жалост.

САД го заробија венецуелскиот лидер Николас Мадуро во воена операција на 3 јануари. Тој беше однесен во САД, каде што беше обвинет за наркотероризам.

Најнови вести од: Свет

Почна Октоберфест, фестивалот на пивото во Минхен

Илјадници посетители – жени во баварски фустани („дирндл“) и мажи во кожни панталони („ледерхозен“) – уште во утринските часови се упатија кон шаторите за пиво на саемскиот простор „Терезиенвизе“ во Минхен за да обезбедат добри места на клупите

To top