Свет

За екоцид ќе се лежи доживотно

За најтешките дела на загадување на животната средина, пропишаната казна се движи од минимум 10 години затвор до долготраен затвор или доживотен затвор – казни што се построги од оние предвидени со релевантната европска директива

 

На вчерашната седница, Владата на Хрватска до Собранието упати пакет законски измени со кои за првпат се воведува казна доживотен затвор, се дефинираат нови кривични дела против животната средина – конкретно екоцид и злоупотреба на животни – и драстично се зголемуваат казните.

Опцијата за изрекување казна доживотен затвор се воведува со важност од 1 јануари 2027 година.

Предложените измени за првпат воведуваат можност за изрекување казна доживотен затвор во системот на кривично правосудство, почнувајќи од 1 јануари 2027 година, а покрај екоцидот предвидени се доживотни казни и за 15-те најтешки кривични дела за кои моментално е предвидена казна долготраен затвор.

За најтешките дела на загадување на животната средина, пропишаната казна се движи од минимум 10 години затвор до долготраен затвор или доживотен затвор – казни што се построги од оние предвидени со релевантната европска директива. За ова дело не важи застареност, со оглед на потенцијално долгиот временски период меѓу извршувањето на делото и откривањето на неговите последици.

Во таа насока, се менува и Законот за одговорност на правните лица за кривични дела со цел драстично зголемување на паричните казни за компаниите; максималната казна се зголемува од сегашните 20 милиони евра (или 25 милиони евра во случаи на криминални здруженија) на дури 50 милиони евра.

Понатаму, се заоструваат казните за предизвикување општа опасност – како што е намерното предизвикување пожар. Потенцијалната затворска казна за ова дело ќе се зголеми од сегашниот опсег од шест месеци до пет години на опсег од една до десет години. Доколку делото резултира со значителна материјална штета, казната се зголемува на опсег од три до 15 години.

За најтешките форми на овие дела – кои резултираат со смрт или повреди на повеќе лица – пропишаната казна се движи од минимум пет години до долготраен затвор или доживотен затвор.

Најнови вести од: Свет

ЕУ воведува нов вид бензин – Е20, горивото треба да го намали европскиот увоз на нафта

Не е сосема јасно кои возила се прилагодени за E20. Се претпоставува дека повеќето современи бензински мотори би можеле да го користат без тешкотии, а за некои понови модели на BMW веќе има одобренија за поголеми пропорции на етанол.

Осуденичка на смрт преживеа обид за погубување откако ѝ беа дадени две смртоносни дози

Повеќе од 40 минути по втората доза, таа сè уште покажувала знаци на живот, по што била пренесена во болница, а нејзините адвокати тврдат дека нов обид за егзекуција би покренал прашања во врска со забраната за сурови и необични казни, содржана во Осмиот амандман од америкнскиот устав

To top