Свет

Зеленски: Кучето на Лукашенко има повеќе права од белорускиот народ

Говорот беше одржан во Вилнус вчера, на церемонија за одбележување на Сечневото повстание – заедничка борба на Полјаци, Литванци, Белоруси и Украинци против руското владеење во 19 век.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во својот говор во Литванија, по повод годишнината од Јануарското востание (1863–1864), остро ја критикуваше ситуацијата во Белорусија и нејзината зависност од Русија.

Тој истакна дека Белорусија „сè уште е принудена да постои како територија управувана од Русија“, односно како „руска покраина“ или „губернаторство“.

„Засега, за жал, кучето на Лукашенко доби повеќе права од народот на Белорусија“, рече Зеленски, алудирајќи на познатиот бел спитц (померанец) на Александар Лукашенко, кој често се појавува во медиумите.

Зеленски потсети дека во 2020 година постоела шанса за промена во Белорусија, но поддршката од светот била недоволна.

„Имаше шанса во 2020 година тоа да се промени. И сигурен сум дека ќе се појави нова шанса. Но, тогаш поддршката за Белорусите едноставно не беше доволна. А сега сите чувствуваме колку е потешко, поскапо и поопасно тоа за сите поради зависноста на Белорусија од Москва, зависност што не се намалува.“

Тој додаде дека успехот на белоруското востание во 2020 би ја направил Европа побезбедна денес, а Европа и светот требало да ги поддржат луѓето што се кренале против режимот.

„Европа не смее да изгуби ниту еден народ што живее во слобода“ и „не смее да губи време“, нагласи тој.

Зеленски предупреди дека војните од 20 век во голема мера биле последица на рамнодушноста на светските сили во 19 век, повлекувајќи паралела со денешните настани.

На крајот, тој се обрати директно до белорускиот народ:

„Сакам директно да му се обратам на белорускиот народ. Вие сте европска нација што ќе застане заедно со сите наши народи во обединета, слободна Европа. Мирна Европа. Силна Европа. Не можете да бидете избришани. Никој од нас не може да биде избришан. Им благодарам на сите белоруски волонтери кои се борат за нашата независност во Украина и за историската можност на нашата сопствена земја.“

Говорот беше одржан во Вилнус вчера, на церемонија за одбележување на Сечневото повстание – заедничка борба на Полјаци, Литванци, Белоруси и Украинци против руското владеење во 19 век.

Најнови вести од: Свет

„Реформи“ на здравственото осигурување во Германија: поскапување на лековите, болничкиот престој и терапиите!

Во текот на следните две години, осигурениците во системот на задолжително здравствено осигурување (GKV) во Германија ќе се соочат со низа промени,  кои  веројатно ќе ги зголемат нивните лични трошоци за здравствена заштита.

Денес избори во Шведска, на кои е можно да се случи победа и историски влез на крајната десница во владата

Граѓаните на Шведска денеска гласаат на парламентарните избори, на кои левиот и десниот блок влегуваат речиси целосно израмнети со разлика од само 0,3 отсто, а исходот би можел да го донесе првиот историски влез на крајнодесничарските Шведски демократи во владата.

Трамп: Ирска може да се обедини и сега! – Ирски реакции: За иднината на земјата одлучуваат граѓаните, а не странски државници!

Лидерите на унионистичките партии во Северна Ирска упатија низа критики до американскиот претседател Доналд Трамп, откако тој изјави дека „би сакал да види“ обединета Ирска. Тие му порачаа на Трамп дека „за уставната иднина на земјата ја одлучуваат исклучиво нејзините граѓани, а не странски државници“, пренесоа британските медиуми.

АфД поднесе кривична пријава против Мерц по обвинувањата за „етничко чистење“

Германската партија Алтернатива за Германија (АфД) поднесе кривична пријава против канцеларот Фридрих Мерц, кој во говор во парламентот оваа недела ја обвини антиимиграциската партија дека спроведува политика на „етничко чистење“.

To top