Свет

Зеленски незадоволен од идејата за тунел меѓу Русија и САД

Проектот предвидува изградба на железнички и товарен тунел од 112 километри што треба да биде завршен во рок од осум години и да чини 0 милијарди долари

Идејата за тунел помеѓу Сибир во Русија и Алјаска во САД, предложена од Москва, беше пречекана со малку ентузијазам од страна на украинскиот претседател Володимир Зеленски во петокот, објави ДПА.

„Не сум задоволен од ова“, изјави украинскиот лидер пред новинарите во Вашингтон по директно прашање од американскиот претседател Доналд Трамп.

По телефонскиот разговор меѓу Путин и Трамп, рускиот специјален претставник Кирил Дмитриев предложил „тунел Путин-Трамп“ што ќе ги поврзува Евроазија и САД под Беринговиот теснец.

Русија и САД треба да изградат железнички тунел под Беринговиот теснец што би ги поврзал двете земји и би станал симбол на единство, предложи рускиот инвестициски претставник Кирил Дмитриев, раководител на Рускиот фонд за директни инвестиции (RDIF), како што цитираше Ројтерс.

Проектот, кој тој го нарекува „Тунел Путин-Трамп“, предвидува изградба на железнички и товарен тунел од 112 километри што треба да биде завршен во рок од осум години.

Според Дмитриев, цената на проектот ќе биде околу 8 милијарди долари, финансирани од Москва и „меѓународни партнери“.

Дмитриев рече дека идејата за поврзување на Русија и САД преку Беринговиот теснец има долга историја, која датира од 1904 година, кога се дискутирал железнички проект меѓу Сибир и Алјаска.

Слични планови биле обновени во 2007 година, како и за време на Студената војна, кога беше предложена изградбата на „Мостот на светскиот мир Кенеди-Хрушчов“.

Дмитриев предложи американската компанија The Boring Company на милијардерот Илон Маск да биде генерален изведувач на изградбата.

Најнови вести од: Свет

Спасил 900 деца – директор на училиште во Непал со благовремена реакција превенирал страшна трагедија

Имаше извештаи дека поплавата веќе ја зафатила нашата населба. Тогаш решив дека не треба повеќе да одложувам. Доколку ја донесовме одлуката десет минути подоцна, сите ние немаше да можеме да разговараме денес

„Еурактив“: Исландското НЕ за ЕУ ќе го ослабне моментумот за проширување

„Еурактив“ наведува дека ЕУ се надеваше оти ќе го поврзе членството на Исланд, богат остров со највисоки плати во Европа, кој веќе во голема мера е интегриран со Унијата, со приемот на некоја посиромашна земја

To top