Свет

Зеленски: Силни безбедносни гаранции од Европа и САД се услов за мировен договор

Зеленски изјави дека на Украина ѝ се потребни „правно обврзувачки гаранции“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја истакна неопходноста од добивање безбедносни гаранции од Европа и Соединетите Американски Држави во случај на можен мировен договор. Изјавата ја даде денеска, за време на неговата посета на Хаг.

По разговорите со вршителот на должноста холандски премиер, Дик Схоф, Зеленски изјави дека на Украина ѝ се потребни „правно обврзувачки гаранции“.

-Има многу прашања за тоа како можеме да добиеме заштита без да бидеме членка на НАТО, рече Зеленски. „Мора да добиеме поддршка и за нас е важно да ги имаме сите безбедносни гаранции“.

Тој наведе дека на вчерашните разговори во Берлин, европските и американските учесници ветиле конкретен придонес кон безбедноста на земјата. Сепак, тој не прецизираше кои земји се подготвени да учествуваат во договорените мултинационални безбедносни сили.

Зеленски додаде дека документ со овие детали ќе биде објавен само по прекинот на огнот.

Претседателот на Украина соопшти дека преговорите сега ќе продолжат во американскиот град Мајами, каде се очекува и Русија да го даде својот одговор. Тој нагласи дека нема да биде присутен на разговорите.

Најнови вести од: Свет

Расте цената на енергијата, компаниите го губат оптимизмот – Нов економски притисок врз Европа

Економијата на еврозоната продолжува да расте, но со забавено темпо, додека повисоките трошоци за енергија и финансирање создаваат дополнителен притисок врз компаниите и потрошувачката. 

Чувајте дома храна за 3 дена, заедно со ќебиња, готовина, батериска ламба…

Кампањата „Биди подготвен“ (Be Ready) ги поттикнува граѓаните да направат залихи што ќе им овозможат да преживеат 72 часа без пристап до стандардните услуги и комунални добра, а иницијативата е покрената како одговор на растечката загриженост на властите во врска со последиците од климатската криза, зависноста од технологијата и заканите од непријателски настроени држави

To top