Свет

Знае ли Трамп каква декларација потпишале САД за Гренланд со Данска

Потпишал државниот секретар на Америка

Знае ли Трамп каква декларација потпишале САД за Гренланд со Данска е прашањето што се наметнува откако вчера претседателот на Америка не исклучи дека по Венецуела може да дојде до интервенција на Гренланд.

 

Според историските документи во 1916 година американските власти потпишале декларација за Гренланд со која искажуваат став дека немаат ништо против контрола на Данска врз целиот остров Гренланд .

 

Во моментот кога од Данска за околу 800 милиони долари ги купуваат Западноиндиските острови, САД потпишале дека немаат проблем цел Гренланд да биде ставен под контрола на Копенхаген.

 

„ДЕКЛАРАЦИЈА.

Продолжувајќи денес кон потпишување на Конвенцијата во врска со цесијата на данските Западноиндиски острови на Соединетите Американски Држави, долупотпишаниот државен секретар на Соединетите Американски Држави, соодветно овластен од неговата Влада, има чест да изјави дека Владата на Соединетите Американски Држави нема да се спротивстави на проширувањето на своите политички и економски интереси од страна на данската Влада на целиот Гренланд.

Декларацијата е потпишана од тогашниот државен секретар на САД Роберт Лансинг во Њујорк на 4 август 1916 година.

Најнови вести од: Свет

САД и Израел го нападнаа Иранскиот Курдистан. Повеќе од 100 убиени, 969 ранети

Курдите се домородно етничко малцинство од месопотамскиот регион, распространето главно низ југоисточна Турција, североисточна Сирија, полуавтономниот курдски регион во северен Ирак, северозападен Иран и југозападна Ерменија. Тие имаат свој јазик и култура, но немаат држава

Ирански камиказе дронови запалија големо пристаниште за нафта во Емиратите (ВИДЕО)

Нападот доаѓа откако Иранската револуционерна гарда соопшти дека американските интереси во Обединетите Арапски Емирати, вклучувајќи пристаништа, докови и воени објекти, станале легитимни цели

To top