Свет

Зошто Трамп го нарече Путин луд?! Москва му одговори на Вашингтон

Кремљ тврди дека американскиот претседател Доналд Трамп покажува знаци на „емоционално преоптоварување“ откако претходно Трамп во објава го нарече Владимир Путин „апсолутно луд“ по најголемиот воздушен напад на Москва врз Украина од почетокот на војната, пишува Би-Би-Си. Американскиот претседател во неделата, 25 мај, изјави на социјалната мрежа „Truth Social“ дека „нешто му се случило“ на Путин, […]

Кремљ тврди дека американскиот претседател Доналд Трамп покажува знаци на „емоционално преоптоварување“ откако претходно Трамп во објава го нарече Владимир Путин „апсолутно луд“ по најголемиот воздушен напад на Москва врз Украина од почетокот на војната, пишува Би-Би-Си. Американскиот претседател во неделата, 25 мај, изјави на социјалната мрежа „Truth Social“ дека „нешто му се случило“ на Путин, откако Русија уби 13 лица во Украина со 367 дронови и ракети.

  • „Тој полудел. Непотребно убива многу луѓе“, напиша Трамп.

Портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, возврати дека коментарите на Трамп се „поврзани со емоционално преоптоварување на сите вклучени“.

Нападот, кој се случи во текот на ноќта меѓу саботата и неделата, беше најголемиот комбиниран воздушен удар на Русија врз Украина од почетокот на војната. Само од недела навечер до понеделник наутро, Русија лансирала 355 дронови, при што загинале 10 лица. Украинските воздухопловни сили соопштија дека тоа бил најголемиот напад досега извршен исклучиво со дронови.

Песков изјави дека нападите се одговор на украински удари врз „социјалната инфраструктура“ во Русија. Министерството за одбрана на Русија тврди дека уништиле 20 украински дронови над неколку руски региони.

Германскиот канцелар Фридрих Мерц, во одговор, објави дека се укинуваат сите ограничувања за дометот на оружјето што се испорачува на Украина. Тој рече дека Киев сега има можност да напаѓа воени цели во Русија, нешто што досега не го правел.

Ројтерс јави дека Зеленски треба да отпатува во Берлин во среда, но тоа сè уште не е официјално потврдено.

Би-Би-Си побаралкоментар од Берлин дали изјавата на Мерц значи дека следува одлука за испорака на ракети „Таурус“, со дострел од околу 500 километри, далеку поголем од оружјето што досега го доби Украина. Претходната германска влада одбиваше ваков потег, стравувајќи од провокација кон нуклеарно вооружената Русија.

САД, пак, изјавија дека или ќе продолжат да посредуваат во мировните преговори, или ќе се повлечат ако нема напредок. Иако европските сојузници подготвуваат нови санкции против Русија, Вашингтон потенцира истакна дека нема да чека бесконечно за преговори.

Најнови вести од: Свет

Обединети Арапски Емирати: Сопилотот на „Флај Дубаи“ го нападнал пилотот со секира, се обидел со „терористички“ напад

Копилотот на летот FZ1073 на „Flydubai“ се обиде да изврши „терористички“ напад за време на летот, изјави во саботата главниот обвинител на Обединетите Арапски Емирати, објави државната новинска агенција WAM.

ЕУ воведува нов вид бензин – Е20, горивото треба да го намали европскиот увоз на нафта

Не е сосема јасно кои возила се прилагодени за E20. Се претпоставува дека повеќето современи бензински мотори би можеле да го користат без тешкотии, а за некои понови модели на BMW веќе има одобренија за поголеми пропорции на етанол.

Осуденичка на смрт преживеа обид за погубување откако ѝ беа дадени две смртоносни дози

Повеќе од 40 минути по втората доза, таа сè уште покажувала знаци на живот, по што била пренесена во болница, а нејзините адвокати тврдат дека нов обид за егзекуција би покренал прашања во врска со забраната за сурови и необични казни, содржана во Осмиот амандман од америкнскиот устав

To top