Извршниот директор на „Модерна“, производителот на вакцини против Ковид-19, предупреди дека коронавирусот што доведе до застој на светските економии и ги преплави болниците, ќе биде тука „засекогаш“.

Експерти за инфективни болести сметаат дека постои голема веројатност Ковид-19 да стане ендемична болест, што значи дека ќе стане присутна засекогаш , иако веројатно со понизок интензитет отколку сега.

Стефан Бансел, извршниот ииректор на „Модерна“ се согласува дека Ковид-19 ќе стане ендемичен, и дека нема да исчезне“.

„Ќе живееме со овој вирус, мислам, засекогаш“, вели Бансел, како што пренесе Си-ен-би-си.

SHARE