Светска банка: Над 130.000 граѓани во земјава ќе осиромашат до крајот на годинава

Истражувањето на Светска банка покажува дека во периодот што следи драстично ќе се намали средната класа во земјава, а сиромаштијата ќе се продлабочува во зависност од тоа како ќе се развива ситуацијата со здравствената криза.

Повеќе од 130 илјади граѓани од Македонија до крајот на годинава ќе бидат во опасност од живеење во сиромаштија.

За околу 10 отсто се предвидува намалување на приходите и тоа кај граѓаните со најниски месечни примања, а до 15 отсто намалување кај остатокот од населението.