Светска банка заговара да се оди подоцна во пензија

Светска Банка и понатаму „притиска“ со тезата дека е потребно зголемување на возраста за пензионирање во Македонија.

И покрај значителните реформи кои беа преземени пред една деценија, предвремените пензионирања и стареeњето на населението, трошењето на средства за пензии е за 10 проценти поголемо од БДП.

Од светска банка предупредуваат дека  тазе усвоените пензиски реформи само на краток рок можат да го стабилизираат системот.

Намалувањето на стапките на придонеси ,зголемувањето на пензиите, и воведувањето на укинување на придонесите со цел промовирање на вработување, доведоа до зголемување на расходите за пензии и до растечки дефицит, се наведува во извештајот на Светска банка.