СЗО: Во почетокот на 2021 година трет бран на Ковид-19 во Европа

„Тие (во Европа) не ја изградија потребната инфраструктура во текот на летните месеци, бидејќи го ставија под контрола првиот бран на инфекција“, рече портпаролот на СЗО.

Сега имаме втор бран. Ако не ја изградат потребната инфраструктура, ќе имаме трет бран на почетокот на следната година”, предупредува портпаролот на СЗО Давид Набаро, во интервју за швајцарските медиуми.

Во Европа стапката на инфекција повторно расте. Германија и Франција вчера забележаа зголемување на случаите за 33.000, Швајцарија и Австрија имаат илјадници случаи на ден, додека Турција објави рекордни нови 5.532 случаи.

SHARE