Нема да биде прогласена меѓународна вонредна состојба во сферата на јавното здравје поради новиот корона вирус што се појави во Кина, одлучи Светската здравствена организација.

Во оваа фаза нема причина за такво нешто, оценуваат експертите, но сметаат дека е неопходно денеска да продолжат дискусиите за прашањето во Женева.

Властите во Кина потврдија 17 смртни случаи на корона вирус, а 554 други се заразени. Пациентите со корона вирус се во Вухан, Пекинг, Шангај, Шенжен и во други градови. Инфицирани со корона вирус  има и во Јапонија, Филипините, Јужна Кореја, Тајван, Тајланд и САД.

SHARE