Директорот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Габриесус (Tedros Adhanom Ghebreyesus) денеска побара 675 милиони американски долари за да им помогне на земјите да се справат со очекуваното ширење на нов вирус што се појави во Кина, пренесе АП.

„Износот е голем, но е многу помалку од она со што ќе се соочиме, ако сега не инвестираме во превентива“ истакнал Габресиус.

Според него, во последните 24 часа, СЗО забележа најголем скок на болеста уште од избувнувањето на епидемијата.

Боројот на починати се доближи до бројката од 500, а вкупниот број на потврдените заразени надмина 24.000.

Околу 150 случаи се потврдени во 23 други земји, вклучувајќи и двајца починати надвор од континентална Кина, на Филипините и во Хонг Конг.

SHARE