СЗО предупредува: Нема да има „чудотворно решение“ за Ковид-19

Tedros Adhanom Ghebreyesus, Director General of the World Health Organization (WHO), gives a statement to the media about the response to the COVID-19 virus outbreak, at the World Health Organization (WHO) headquarters in Geneva, Switzerland, Wednesday, Feb. 12, 2020. The disease caused by the novel coronavirus (SARS-CoV-2) has been officially named COVID-19 by the World Health Organization (WHO). (Salvatore Di Nolfi/Keystone via AP)/LRC809/20043663010409//2002122025

Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека и покрај големите надежи за наоѓање на вакцина, можеби никогаш нема да има „чудотворно решение“ за Ковид-19 и дека враќањето во нормалност ќе биде долго.

Повеќе од 18,1 милиони луѓе ширум светот се заразени со новиот вирус на корона, а скоро 700.000 умреле.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус и шефот на одделот за итни случаи Мајк Рајан инсистираат на тоа дека државите строго ги спроведуваат епидемиолошките мерки како што се носење маски, социјално растојание, миење на рацете и тестирање, пренесува Хина, повикувајќи се на Ројтерс.

„Пораката до народот и владите е јасна: Направете го сето тоа„, рече Тедрос на виртуелната прес-конференција во седиштето на ОН во енева.

Маските за лице, рече тој, треба да станат симбол на солидарност ширум светот.

„Повеќе вакцини се во третата фаза од клиничките испитувања и сите се надеваме дека ќе имаме поефективни видови вакцини кои би помогнале во спречување на инфекцијата. Сепак, засега нема чудотворно решение и можеби никогаш нема да го има“ рече Тедрос.

SHARE