
Втората година од пандемијата на коронавирус се очекува да биде потешка од првата, проценува Мајкл Рајан, директор на Програмата за итни случаи на Светската здравствена организација,пренесоа медиуми.
„Влегуваме во втората година од пандемијата. Може да биде уште потешка, со оглед на динамиката на ширење на коронавирусот и некои од проблемите на кои сме сведоци“, вели тој. Податоците добиени од организацијата во последните две недели покажуваат дека пандемијата „повторно достигнала врв“.
Рајан вели дека Северната хемисфера, особено Европа и Северна Америка, доживува „совршена бура“.
Според СЗО, бројот на коронавирусни инфекции ширум светот надмина 90 милиони, а починаа скоро 2 милиони луѓе, а само вчера во светот биле идентификувани 546.016 нови случаи на корона и 9.884 смртни случаи.