СЗО прогласи вонредна состојба на глобално ниво откако бројот на случаи на коронавирусна болест се зголеми за повеќе од десет пати за една недела.

Одлуката беше донесена вечерва. По третиот состанок оваа недела Комисијата за итни случаи на СЗО призна дека не знаат каква штета може да предизвика коронавирусот 2019-nCoV, доколку се шири во земја со послаб здравствен систем и дека тие мораат да дејствуваат сега да им се помогне на земјите да се подготват за оваа можност.

До денес, 170 има починати од вирусот, а повеќе од 7.700 луѓе се заразени.  

SHARE