Тачи бара истрага за црни пари од Блискиот исток по влез во владата на Заев

Средбата меѓу лидерот на СДСМ, Зоран Заев и лидерот на ДПА, Мендух Тачи, во клубот на пратениците во Скопје донесла конкретно барање како предуслов за влез во владата.

Како што дознава весникот Газета Експрес на средбата на која се разговарало за новиот владин состав Тачи од Заев побарал, директорот на финансиската полиција, да истражи сомнителни парични трансфери од Иран и Катар во Македонија.

Барањето на Тачи се поврзува со препукувањата пред кампањата меѓу Мендух Тачи и Аднан Исмаили, кого лидерот на ДПА го обвини дека имал врска со сомнителни пари од погоре наведените земји од Блискиот Исток.

Директорот на издавачката куќа „Логос А“, Аднан Исмаили, во март во изјава за ТВ21, објави дека поднел пријава за лидерот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи.

Исмаили тогаш рече дека обвинението против Тачи доаѓа по обвинувањата кои тој ги упати на адреса на издавачката куќа, “Логос А“.

„Ќе му дадам јас 10.000 шамари кога ќе го видам. Не се плашам ни од него, ни од Ердоган ни од Полат…“, одговори Тачи на најавата на Исмаили.

Притоа, Тачи истакна дека Исмаили легализирал објект во Тетово вреден 8 милиони евра, иако, според него, тој бил изграден после законскиот рок, односно после 2011 година.

SHARE