На свечената академија „Благодариме Албанија“, по повод 21-та годишнина од приемот во таа земја на косовските бегалци, Тачи ѝ одаде признание на Албанија затоа што, како што рече, „се соочи со геноцидот што српската држава го вршеше врз косовскиот народ во кампањите за етничко чистење“.

Тачи се заблагодари на Албанија затоа што „ги отвори вратите и срцата во деновите на трагедијата и кулминацијата на војната од 1998-99 година“.

Без Албанија Косово не ќе беше слободно, ослободено и независно“, изјави Тачи.

На академијата присуствуваше и албанскиот претседател Илир Мета, кој рече дека „Албанија беше должна да ја преброди извонредната хуманитарна криза што доаѓаше од геноцидот на (тогашниот српски лидер) Слободан Милошевиќ“.

SHARE