Тачи да докаже дека „Алтернатива“ се финасира со пари од Иран

Јавното обвинителство го кани лидерот на ДПА, Мендух Тачи да пријави и да и ги достави доказите дека партијата „Алтернатива“ на Африм Гаши се финасира со сомнителни пари од Иран.

Тачи го прозва и министерот за култура од Алтернатива, Хисни Исмаили, да каже зошто и со каква цел честопати патува за Техеран. Според него, Исмаили повеќе од 40 пати го посетил Техеран од 1990 до сега.

„Јавното обвинителство ги следи сите информации и ќе постапува доколку бидат утврдени елементи на кривично дело“, дознава „Плусинфо“.