Косовскиот претседател Хашим Тачи вели дека Косово не сака да ја замени својата евроатлантска перспектива со ниту една регионална иницијатива, во објаснувањето на Фејсбук зошто одбил да присуствува на самитот Заев-Вучиќ-Рама  во Охрид.

Тој исто така вели дека на првиот самит на оваа нова регионална иницијатива, Србија „намерно го занемарила Косово“, јавуваат косовски медиуми.

За Тачи исто оваа регионална иницијатива е „бесмислена“ сè додека Србија и Босна и Херцеговина не ја признаат независноста на Косово.
„Ние сме посветени на надминување на сегашните пречки преку дијалог и меѓусебно признавање. Само кога тоа ќе се случи, ќе станеме дел од ваквите регионални иницијативи како рамноправна држава“, напиша Тачи.
Тачи го критикувал албанскиот премиер Еди Рама за присуството на самитот во Охрид, каде, според него, „Република Косово не е призната“.
Косовскиот претседател,  во телефонски разговор го премиерот Зоран Заев, дека Косово нема да присуствува на самитот, соопшти кабинетот на Тачи.

SHARE