Тачи: УДБА ги поврзува Али Ахмети и Насер Зибери

На вечерашниот митинг на градскиот плоштад во Гостивар, лидерот на ДПА и носител на кнадидатаската листа на оваа партија во „шестката“ најде „некоја тајна врска“ на лидерот на ДУИ и на претседателскиот кандидат со – УДБА.

„Али Ахмети и Насер Зибери ги поврзува Југославија и УДБА. Тоа е истата политика со која за жал, успеаа да ги измамат и да им го украдат времето на помладите генерации.

Но, верувам дека сега е крај. Заедно, со максимална посветеност, верувам дека ќе успееме. Гостивар знаеше како да се издигне, бидејќи има висока национална и политичка свест“, рече Тачи.

Мендух Тачи кој се надева на вицепремиерско место во идната влада и е силен поддржувач на Заев, и претходно не штедеше збороиви за претседателскиот кандидат на ДУИ, Зибери.

SHARE