Таен план на СДСМ: Ахмети му испраќа порака на Заев преку Вељановски

Добро упатени извори во албанскиот блок тврдат дека Али Ахмети и Талат Џафери преку имунитетот на Трајко Вељановски му упатуваат заканувачка порака на СДСМ дека тие ја контролираат ситуацијатата и во Собранието и во Владата.

Ваквиот однос кон Заев и владата од ДУИ започнал кога министерката Мила Царовска јавно проговори за кражбата на 19 милиони евра од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

Тогаш во Мала Речица дознале за таен план на СДСМ кој требало да се спроведе откако најпрвин со помош на ДУИ би бил избран консензуален кандидат.

Незадоволството во ДУИ тлеело се до расправата за Вељановски кога најпрвин во петокот пратеникот на ДУИ Агими поради наводна болест не дојде на комисиска расправа а ноќеска спикерот Џафери не го стави на гласање имунитетот на Вељановски.

Првата конкретна порака на незадоволство била упатена кога пред владата беше кренато знамето на НАТО кога освен Бујар Османи никој друг од оваа владина партија не присуствуваше на церемонијата.

“СДСМ сега обвинуваат дека се работи за соработка меѓу нас и ВМРО а јавноста не знае дека всушност Заев и неговата екипа прво се обидоа да ни забијат нож во грб”, вели функционер на ДУИ кој вели дека тајниот план на СДСМ кој треба да го спаси имиџот на Заев на сметка на Ахмети нема да помине.

Според него за планот на Заев најверојатно не знаат ни некои од највисоките функционери и пратеници на СДСМ како Мухамед Зекири кој вчера остро го нападна ДУИ за наводна соработка со ВМРО-ДПМНЕ.

Кој е тајниот план на СДСМ

Што содржи планот на СДСМ за враќање на рејтингот преку уривање на ДУИ?

SHARE

2 Коментари

  1. таен план на дуи е да го откачи сдс. а висок функционер на дуи прокоментираше: ” ѓупци-македонци ” .

  2. Misljel na severdzance koje se prodaju ko kurve na uljici pigal.gjupci su bre poshteniji nego severfzanci u pArlament ista javni kukja

Comments are closed.