Македонија

Претреси на 7 локации за производство и дистрибуција на детска порнографија

Eдно од лицата кај кого се врши претрес е Б.К. од Струга за кого постојат информации дека е претседател на бугарско здржение

Секторот за Компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност во координација со oтсеците за Компјутерски криминал при СВР Битола, СВР Охрид и СВР Струмица, спроведува координирана операција на територијата на Македонија.

Според неофицијални информации, претреси се вршат на седум локации, а полицијата обезбедува докази за кривично дело „Производство и дистрибуција на детска порнографија“ по член 193-а од Кривичниот законик.

Б.К. се поврзува и со лицето Виктор Стојанов, претседател на бугарската фондација „Македонија“ кој има забрана за влез во Македонија.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

To top