Тајна средба во Охрид, и шестата управа при МВР во игра

Вчера во Охрид дошло до средба меѓу македонскиот државен врв и синот на милијардерот Џорџ Сорос за која јавноста не е известена, објавува порталот Република.

“Во текот на вчерашниот ден метеж на Охридскиот аеродром, блокирани улици, сообраќајна полиција на секои стотина метри, присуство на луѓе од Шестата управа. Вип третман, скапи автомобили, и приватен авион на Охридскиот аеродром, за група патници кои допатуваа и се сместија во хотелот „Јуник“ во Охрид. И сето ова не се однесувало на денешната трилатерална средба Заев, Вучиќ и Рама”, пишува порталот кој дознава дека ваквиот третман бил наменет за синот на контроверзниот бизнисмен Џорџ Сорос, Александер Сорос, кој придружуван од четири соработници, остварил тајни средби со македонскиот државен врв: премиерот Зоран Заев и претседателот на државата Стево Пендаровски.

Повеќе на овој линк

SHARE