Таки Фити: Македонскиот јазик е идентитетско прашање

Претседателот на Македонска академија на науките и уметностите, Таки Фити, вели дека во разговорите за името треба да се има предвид дека нашиот јазик е македонски и дека тој во Обединетите нации е евидентиран како Мacedonian language.

„Не можеме ние да прифатиме, и тоа е став на МАНУ, кога се зборува за јазикот на земјата, да се пишува на латиница и да се изговара онака како што ние го изговараме на македонски. Тој мора во ОН да биде формулиран како Мacedonian language. Тоа е став што навлегува во суштинските идентитетски прашања и тука нашите сугестии до Владата се апсолутно јасни и цврсти“, вели академик Фити.

„Македонскиот јазик e одамна кодифициран“, додава тој, „тој постои, не може да исчезне, тоа е вековна традиција. Во тој контекст посебно битно е што македонскиот јазик мора да има приоритет, особено ова што го зборуваме ние, научна обработка и разработка и негово проучување, бидејќи тој е интегративен јазик во Република Македонија и тоа мора да го почитуваат сите заедници“.

 

SHARE

Comments are closed.