Талат не дава тест за откривање на пратеници наркомани

Пратениците нема да прават на нарко тест затоа што Собранискиот спикер Џафери не гледа правен основ за иницијативата која предвидува тестирање на пратениците за наркотици.

,,Во Законот за пратеници, во Деловникот за работа на Собранието и во Уставот на Република Северна Македонија, нема правен основ според кој Претседателот и Собранието на Република Северна Македонија би можеле да ја реализираат Иницијативата на Независната пратеничка група.  Условите за кандидирање, за избор и за работа на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија се јасно дефинирани и оттука, Претседателот на Собранието не може и не смее да постапува надвор од своите законски овластувања. 

Инцијатива, која е прифатена од сите пратенички групи, беа објавените снимки на кои пратеникот Павле Богоевски наводно се слуша како нарачува кокаин, а на кои  јавноста бурно реагираше.

Богоевски ја потврди автентичноста на аудио снимаката, но тврди дека нарачувал масло од канабис.

Тој и денеска не сакаше да дава изјави за медиумите.

Во меѓувреме и надлежните институции молчат за случајот “Кокаин за Богоевски”.
Миниситерот Спасовски вели дека полицијата се уште работи на случајот и најавува негово скорешно расчистување.

Од јавното обвинителство, велат дека уште го чекаат извештајот од МВР за пријавата на пратеникот Богоевски кој ја достави во полициска станица.

Од ЈО велат дека допрва ќе одлучуваат дали ќе ги истражуваат неовластеното снимање и нелегалното набавување на наркотични средства.