Претставничката на Северна Македонија на „Евросонг“, Тамара Тодевска, во интервју за фансајтот на музичката манифестација ги споделува впечатоците од приемот кај премиерот Зоран Заев по освоеното седмо место во Тел Авив.

„Целиот наш тим беше многу почестен од поканата од премиерот Заев. Тој, всушност, е голем евровизиски фан и го гледаше целото големо финале. Неговите зборови многу ни значеа на мене и на целиот мој тим. Да имате таква поддршка од вашата земја и од вашиот народ е многу важно за еден уметник“, одговори Тодевска.