Ако на Косово победи движењето Самоопределување на Албин Курти, ќе осамне нов ден за Албанците, убеден е гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари.

„Албанската пролет почна“, вели Таравари кој на својот фејсбук-профил ги повика Албанците да гласаат за Самоопределување и рече дека тој го смета Курти за „лек“ за заздравување на косовското општество и за благосостојба на сите Албанци.

„Почнувајќи од Косово и продолжувајќи кон с. Македонија, акцијата почна, албанската пролет почна! Во име на ова, ги повикувам сите Албанци во Македонија да го поддржат Самоопределување на Косово.

Со победата на Косово, тоа ќе биде најголемиот чекор кон зачувување на нашите семејства од карциномот на властите што ни го загрозува животот. Самоопределување нека победи на Косово, нека осамне нов ден за Албанците“, напиша Таравари на ФБ,

Извор: МКД

SHARE