Таравари очекува „ослободување“ од ДУИ

Генералениот секретар на Алијанса на Албанците во разговор за „Фокус“ оценува дека битката на претстојните парламентарни избори во албанскиот блок ќе биде неизвесна.

„Што се однесува до албанскиот политички блок, се надевам на долгоочекуваното ослободување од ДУИ“, вели Таравари во интервју за неделникот Фокус.

Според него не може да се зборува за напредок и промени кон добро „кога 18 години живееме во еднопартиски систем, во кој корупцијата, пресметките, калкулантството и реваншизмот биле главните „адути“ на располагање“?

Арбен Таравари не исклучува соработка со некоја од поголемите македонски партии а посакуван партнер во идната влада ќе биде „„тој којшто ќе покаже дека иднината на оваа држава му е многу поважна отколку битката за да се застане на тронот“.

SHARE