Таравари: Во влада со ДУИ само ако Зибери е мандатар!

Алијансата за Албанците би прифатила да влезе во новата Влада заедно со ДУИ, но само доколку мандатар биде Насер Зибери, вели Арбен Таравари за Телма.

„Формирањето на Влада е игра на бројки, нормално, ние сме кажале, ако мандатар е Насер Зибери, ние ќе го поддржиме. Ако не, сите други комбинации кадешто би се нашле со некого со одредени програмски точки и принципи на добро владеење, тука сме да помогнеме и доколку можеме да направиме 61 пратеник без ДУИ“, рече Таравари.

Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, вчера во интервју за Канал 5 рече дека нема да бидат дел од Влада во која е и ДУИ.

Коалицијата Алијанса/Алтернатива освоји 12 пратенички места на парламентарните избори…

SHARE