Тасев: На есен нè чека тешка економска криза

Аналитичарот и бизнисмен Никола Тасев прогнозира тешка економска криза на есен кој што ќе следи после здравствената криза со корона вирусот.

„Ние во овие неколку месеци од корона кризава не осетивме многу економска криза. Назад ни е Октомври, ноември. Зошто? Заради тоа што техничката влада во овој период си играше со уредбите со законска сила. Повеќе размислуваше да направи еден изборен финансиски пакет кој што ќе им донесе некакви гласови, а не размислуваше да направи некоја убава основа да го подготви стопанството за она што ќе се случува октомври, ноември и декември.

Ние ќе имаме економска бомба во државата во октомври, ноември и декември. Кој и да направи влада, ќе му биде многу тешко, рече Тасев во емисијата Заспиј ако можеш.

Неговите проценки се дека до крајот на годината ќе треба да се задолжи Македонија за околу 2 милијарди евра.

Тој не се согласува дека економијата блеска и посочува примери дека споредено со регионот ние сме издале еврообврзница со висока камата.

„Еве еден податок колку блеска економијата. Да споредиме колку нашата економија вреди пред европските банкарски институции. Македонија еврообврзницата што ја издаде ја зеде со речиси 3,7% камата. Србија ја зеде со 3,2%, Хрватска еврообврзницата ја зеде со 1,2% камата, а е задолжена со јавен долг 80%, Бугарија со 0,6%. Епа ако ти блеска економијата ќе ти дадат евтини пари- посочи аналитичарот и бизнисмен Никола Тасев во емисијата „Заспиј ако можеш“, на ТВ Алфа.

SHARE