Тасева: Бонусите што се делеле во СЈО се незаконски


Оваков пример на додаток за работа со доверливи податоци не ми е познат. Мислам дека не е во ред, вели првиот човек на Транспарентност Македонија, Слаѓана Тасева, пренесуваат медиуми.

Додатокот за доверливост за да не се открива тоа што е слушнато во „бомбите“, што го примале специјалните обвинители и други вработени и невработени лица ја згрози јавноста, зашто станува збор за огромни суми пари. Само Катица Јанева вон редовната плата примила 157.000 евра.

„За спецификите на нивната работа тие имаат висока плата. Би било добро да видиме документ од каде произлегува тој додаток“, вели Тасева.

Примањето огромни средства како додаток за доверливост го наметнува прашањето дали по тој основ, на пример, добиваат пари и вработените во сите структури на безбедносниот сектор?

„Вработените во службите за безбедност за сложеност на работата имаат 20% варијабилен додаток и бенифициран стаж. Оваков пример на додаток за работа со доверливи податоци не ми е познат“, потенцира Тасева.

SHARE