Тасевски: Ако загубиме сега, за 15-20 години ќе мораме на брутален начин да си ја вратиме државата! (ВИДЕО)

Актерот Сашо Тасевски со драматичен заклучок на крајот од своето интервју за емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа ТВ.

„Ги повикувам Македонците и сите останати граѓани што живеат во оваа држава дека се наоѓаме на силен удар од една помоќна држава од нас, која што има голема поддршка од Европската унија. Мораме да бидеме свесни: ако ја загубиме оваа борба, ќе загубиме сè што направиле нашите дедовци, прадедовци досега и ќе се доведеме во една непријатна ситуација каде што еден ден, многу брзо, за 15-20 години, ќе мора на друг, поинаков, многу побрутален начин да си ги вратиме слободата и државата“, заклучи Тасевски.

SHARE