Тасевски: До нови амбулантни возила ви дошло!

Актерот Сашо Тасевски се огласи на социјалните мрежи во врска со изјавата дека многу побитно бикло да се настапи на годинашнава Евровизија отколку да се купат нови амбулантни возила.

„…Пари за Евровизија да нема! А фино ви беше три дена ко на дрога од нашиот успех на таа Евровизија. Таа го продолжува животот, а не ново амбулантно возило. И онака сите ќе умрете. Ама Евровизија… Ех, за неа вреди да се умре и млад. Некако те понесува и те прави силен и паметен.

Одма ти паѓа на памет да направиш дупепоказна парада, да го поскапиш бензинот или билетот за у зоолошка градина. Притоа фрлаш клетва на сите твои земјаци во странство, да не се вратат, за да можеш сам да уживаш во евровизискиот севселенски и историски успех… “ пишува, меѓу другото, Тасевски на Фејсбук.

SHARE