Тасевски: Гоце Делчев ќе го шиткате на парче или во комплет со АСНОМ и со сервисот за кафе на баба ви?

Актерот Сашо Тасевски во свој стил ѝ се обраќа на власта во Македонија во контекст на „добрососедскиот“ притисок од Бугарија за Гоце Делчев.

„Гоце Делчев ќе го шиткате на парче или во комплет со АСНОМ и со сервисот за кафе на баба ви? Или сервисот оди гратис?

Замислете, Бугарите откриле дека АСНОМ бил темелот на антибугаризмот кај Македонците. Да ги прашам патриотиве од СДСМ… Какво ви е тоа другарување со некој кој постојано ве оспорува и бара да се откажете од вашето минато, од прадедовците, од АСНОМ, па дури и од сервисот за кафе на баба ви, ако сакате да другарува со вас?

Тука нема другарски, партнерски однос, туку однос на господар и слуга. Прифативте да бидете измеќари дури и на балканскиве шовинистички крокодили. Ама сите ве сакаат, така? Ве сакаат како измеќари и собарици. И во НАТО ве викнаа да им ги чистите тоалетите“, коментира Тасевски.

SHARE