Тасевски: Каде сакавте да одите со толкав број заразени? На избори?

По денешната информација за бројот на новозаразените од коронавирус, актерот Сашо Тасевски ги повика министерот Филипче и д-р Караџовски да излезат и да повторат дека заразата е победена:

„Каде она сакавте да одите на 21 јуни ? На избори?

Затоа што прогласивте победа над короната, така нешто беше, нАли?

Пред три дена паѓате во транс на прес, колку јако сте се покажале во борбата со короната, така беше?

Се фалевте до подмочување, колку сте блескале на линијата на одбраната.

Од каде тогаш, денес, 58 новозаразени.

Тоа ви е Новата нормалност?

Кога во регионот дневно имаат НУЛА или по еден новозаразен, а ние ја натфрламе двоцифрена бројка заразени од претходниот ден.

Тоа од првиот ден го кажуваме, не знаете каде терате. Ајде сега пак Филипче и Караџовски да излезат и онака машки да кажат, одлично работиме, заразата е победена… И да не заборават да спомнат дека блескаме.

Малку е да се каже дека сте неспособни. Вие сте жив зијан“, порача Тасевски на Фејсбук.

Каде она сакавте да одите на 21 јуни?На избори?Затоа што прогласивте победа над короната, така нешто беше, нАли?Пред…

Posted by Sasho Tasevski on Friday, May 29, 2020
SHARE