Тасевски: Напуштете ја Комисијата!

Актерот Сашо Тасевски на својот Фејсбук профил упати апел до македонскиот тим од мешовитата Комисија во која се преговара за „заедничката“ историја, учебниците, Делчев …

„Апел до оние во нашата комисија која преговара со бугарската. Веднаш напуштете ги преговорите! Веднаш и безусловно. Оти секој компромис направен во тие преговори оди на штета на Македонците. Прекинете ги. Со тоа ќе покажете дека не седите во скутот на квислингзите од СДС(М). Потоа тие нека му ја мислат како ќе оформат нова комисија, со што ќе покажат дека сакаат поД секоја цена да го шитнат македонскиот идентитет. Па нека му ја мислат кога еден ден ќе одговараат за велепредавство.
Бателете високите хонорари кои ги добивате за работата во Комисијата. Свесни сте дека со нив квислингзите само ве купуваат.
Сериозна е работата. Покажете карактер и патриотизам. Дајте им до знаење на тие фашисти дека сме немале, немамаме и не сакаме да имаме ништо заедничко со нив се додека го негираат нашето постоење како посебен народ.
Апел и до новиот член во Нашата комисија Огнен Вангелов синот на поетот Атанас Вангелов, кого го познавам одамна како и татко му. Другар, не знам кој, како и зошто те ставил таму, ама те сметам за образован и чесен. Пренеси им ја поракава на колегите.
Доста е луѓе. Ама стварно е доста“, напиша на Фејсбук, актерот Сашо Тасевски.

SHARE