Актерот Сашо Тасевски го коментира анонимното писмо од офицери на Армијата на Република Македонија до власта во врска со уцените од Бугарија за македонската евроинтеграција.

„Ова досега не се случило во Македонија. Офицери на АРМ со писмо им се заканија на велепредавниците од врвот на СДСМ дека, ако ги прифатат уцените на Бугарија, ќе има воен удар.

Нормално, оваа порака е меѓу редови, но лесно се сфаќа. Така што буквалистите и злонамерните џабе ќе ја спинуваат. Заканата е јасна.

Дали сега сфаќате сите вие кои верувате во велепредавниците кои ве водат, колку далеку е отидена работата?

Сфаќате ли дека патот кој ви го покажува вашиот шеф не е пат кон ЕУ, туку пат кон граѓанска војна.

Ќе се смеете така? Каде сега граѓанска војна во 2020 година? Сашо кажуе вицови. Па, сега сме во НАТО. Само НАНАЈТЕ на тоа уво.

Искрено се надевам дека во Армијата уште има сила и патриотизам за дела, а не само за зборови. И дека истапуваат како патриоти, а не партиски оркестрирани.

Мора еднаш политичарите овде да сфатат дека не само што не се богови, туку се обични смртници, како сите нас. Берете памет. Ни ЉуБчо, ни Бучко, ни Кличко. Прекинете ги преговорите со Бугарите веднаш“, порача Тасевски.

https://www.facebook.com/sasho.tasevski/posts/10158811419052180

Потресен опис на Македонија – “Проклета авлија” https://www.expres.mk/akademik-planiraat-metafizichka-likvidacija-na-makedoncite/

Различен однос кон задниците во различни ситуации
https://www.expres.mk/jakimovski-otkriva-shto-pravat-bugari-koga-se-vo-tesno-i-koga-ne-se/