Таткото на министерот за здравство Венко Филипче, Илија, пред две недели бил на интервенција во една приватна болница, каде му бил ставен стент, дознава порталот „Сакам да кажам“

На прашањето зошто неговиот татко избрал да се лекува во приватна болница, министерот Филипче вели:

„Апсолутно верувам во капацитетот на нашето јавно здравство, кое има врвни експерти во сите специјалности, така и во кардиологијата. Мојот татко беше на интервенција во приватна болница бидејќи и претходно таму се лекуваше. Таму е неговиот доктор, кој со години му ја следи состојбата…Овде не станува збор за тоа дека не верувам во капацитетот на јавните здравствени установи и лекарите кои таму работат, туку станува збор за право на пациентот на избор на лекар, односно да се лекува кај оној во кој има доверба“, вели Филипче за „Сакам да кажам.

SHARE