Маж за кој се вели дека е татко на 29-годишниот напаѓач кој уби четири лица и рани 12 на новогодишниот базар во Стразбу, изјави дека неговиот син ја поддржувал идеологијата на групата „Исламаска држава“, пренесе Асошиетед прес.

Таткото Абделкрим Шекат, два дена откако синот бил ликвидиран при престрелка со тројца полицајци во квартали во Страсбург, во вчерашното интервју за францускиот јавен телевизиски канал “Франс 2”, рече дека го видел синот Шариф Шекат, три дена пред нападот.

Тој призна, дека синот го подкрепнал групата „Исламаска држава“ и дека знаел да каже дека „Даеш се бори за справедлива кауза“

Изјава даде и мајката на Шериф Шекат, Руаџа Руаг, која изразила шокираност од смртта на синот.

Според „Франс 2“ мајката Руаг и таткото Абделклим Шекат биле поголго време разведени.

Абделкрим Шекат, е француски граѓанин од алжирско потекло, но не успевал да го разубеди синот да не ја поддржува исламистичката организација.

Инаку, по нападот на базарот во Стразбур, Исламска држава соопшти дека напаѓачот Шекат бил нејзин војник, што беше отфрлено од француските власти.

Потера по напаѓачот кој уби 3 лица на божикен пазар во Стразбур

 

SHARE