Тажната роденденска желба на член на МАНУ

Роденденската желба на членот на МАНУ Илија Чашуле не се однесува на пари, нов автомобил дури ни на здравје за него и неговите блиски.

Тој како желба на својот роденден го посочи неуспехот на референдумот за промена на името.

Илија Чашуле е роден во 1957 година во Скопје. Факултетското образование, магистратурата и докторатот ги завршува во родниот град, на Катедрата за македонски јазик. На Филолошкиот факултет во Скопје предавал општа лингвистика осум години.

Во 1987 година заминува во Австралија каде 13 години беше шеф на Катедрата за македонски јазик на Универзитетот “Маквори” во Сиднеј. Од 2000 година е професор на Катедрата по лингвистика каде предава теорија на јазик, историска лингвистика и историја на индоевропските јазици.

Автор е на 6 книги и на повеќе од 90 статии објавени во истакнати европски и светски научни списанија.

Академик Чашуле беше потписник на прогласот на 200 интелектуалци со кој се бараше прекин на разговорите за уставното име.

Академикот предходно најави дека ако МАНУ го смени името во АНУСМ ќе се откаже од членство во академијата на науките и уметностите.

Академик се откажува од МАНУ ако стане Северна

SHARE

Comments are closed.