Техеран: Демонстранти бараа смрт за лидерот Хамнеи

Околу 1.000 луѓе се собраа во центарот на Техеран во саботата, барајќи оставка на врховниот верски водач во Иран, ајатолахот Али Хамнеи.
Демонстрантите кинеа слики од неодамна убиениот генерал Касим Сулејмани, јави Ројтерс.

Тие ги осудуваат властите дека лажеа за соборениот украински авион.

Агенцијата Иран Фарс, во редок извештај за антивладините протести во Иран, соопшти дека демонстрантите во Техеран извикувале пароли против највисоки државни функционери, откако властите признале дека украинскиот патнички авион бил соборен од ракета.
Демонстрантите на улиците кинеа слики од генералот Сулејмани убиен во напад на американски дрон.
Демонстрантите исто така извикуваа „смрт на водачот“.

Гардијан известува дека за време на протестот е уапсен британскиот амбасадор во Иран Роберт Макаи.



SHARE