Техничкиот премиер и екс соработници се соочуваат со затвор долг 5 години

Утврдување на судот на “несовесно работење” во МВР со причинета штета од 4 милиони евра кои настанале со судски пресуди против МВР, на екс министерот Спасовски и негови соработници можат да им донесат казна затвор до 5 години а ако имале имотна корист и до 10 години затвор.

Денеска на прес конференција министерот за полиција Наќе Чулев објави дека заради незаконски распоредувања и други постапки пред суд за загрозување на работен однос, МВР изгубило 4 милиони евра.

Загубата на овие огромни средства од буџетот поради одлуки и наредби на врвот на МВР во времето на Спасовски индицира дека има елементи на кривично дело “несовесно работење во службата” и основано сомнение за пријава.

Членот во Кривичниот законик кој ја регулира оваа материја е јасен и сите елементи се исполнети.

По изјавата на Чулев тој самиот е обврзан да поднесе пријава или извештај до ОЈО кое мора да постапува по пријавата.
Буџетот за 2019 на МВР за 2019 година е околу 10 милијарди денари што значи дека речиси 3 проценти од парите за полицијата биле дадени за судски пресуди.

SHARE