Текстилните газди ќе се иселеле ако расте минималната плата

Државата да се воздржи од зголемување на минималната плата за да не дојде до целосен колапс на текстилната индустрија. Наместо вештачкото зоголемување на минималецот, државата системски да даде поддршка за поголема продуктивност, сметаат економистите.

„Во делот на најавите за понатамошно зголемување на минималната плата … тоа на крајот на денот нема да им наштети на сопсвениците кои ќе бидат приморени да затворат своите фабрики, туку многу повеќе ќе им наштети на самите вработени во оваа индустрија“, рече Дарко Лазаров, универзитетски професор за Алсат М.

Сопствениците на текстилните фабрики се повеќе размислуваат својот капитал да го преселат во други сектори бидејќи во овој сектор недостасува квалификуван кадар, а нема ниту профит, велат економистите.

Во мометов во текстилната индустрија работат околу 30 илјади луѓе, а според статистичките податоци се исплаќаат плати во висина од 17.800 денари.

SHARE