„Телеграф“: Во Амбасадата на САД во Скопје испеана погрешна македонска химна

Во Амбасадата на САД во Скопје за време на приемот по повод 4 јули беше интонирана македонска химна со различен текст од официјалната верзиј и тоа во втората строфа каде се споменува името Гоце Делчев, историска личност на која претѕендира и  Бугарија, пишува српски „Телеграф“.

Наместо „Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански“, зборовите од химната се заменети со  „стари и млади, машки и женски, на нозе се кренаа“ .

Инаку, пишува „Телеграф“, Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев и Сандански се основачи на историската ВМРО и организатори на Илинденското востание, за кое постои спор меѓу Скопје и Софија.

За националната химна на С.Македонија, дури и македонскиот премиер Зоран Заев по потпишувањето на Преспанскиот договор, што подразбираше промена на името на поранешната југословенска република, тврдеше дека химната останува иста и нема да се промени.

Ова е прв пат по добивањето на македонската независност во 1991 година да се пее македонската химна со нов текст на официјален настан во Скопје’, пишува „Телеграф“.